Летно освежување за љубителите на алкохол: Џин-тоник сладолед готов за само неколку минути

Ако сакате џин-тоник, тогаш рецептот за сладолед од овој пијалок задолжително мора да го пробате. Овој замрзнат десерт е идеален за дружење со пријателите и гостите, а поради една состојка сигурно ќе допринесе добра и весела атмосфера.
Состојки за џин-тоник сладолед:

– 450 мл. тоник;
– 75 мл. џин;
– сок од 1 лимета;
– 100 мл сок од боза;
– неколку тенко исечени кругчиња од свежа краставица и листови мента.
Подготовка:
Во бокал промешајте тоник, џин, сок од лимета и сок од боза. Истурете ја смесата во 10 калапи за правење мраз од 90 мл., додадете ги парчињата од краставица, листовите од мента и на крајот дрвени стапчиња за држење сладолед. Ставете ги во замрзнувач и оставете го сладоледот да отстои додека не се стврдне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.