Лејди Гага наводно побарала шест милиони долари за да се појави на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција минатиот викенд.Основачот на „Амазон“, Џеф Безос , и Лорен Санчез се венчаа во Италија минатата недела, а повеќедневниот настан наводно чинел повеќе од 50 милиони долари.Американските медиуми претходно пишуваа дека Безос ги поканил Лејди Гага и Елтон Џон да настапат на свадбата, но дека двајцата наводно побарале хонорар од по шест милиони долари, што Безос го одбил.Сепак, извор близок до пејачот тврди дека оваа информација е целосно лажна.Според TMZ, „ниту Елтон Џон ниту Лејди Гага не биле контактирани за да настапат на свадбата, а камоли да побараат толку голем хонорар“.
Пронајдете не на следниве мрежи: