Лејди Гага се појави со рогови на црвениот тепих! Целата во црно, никого не остави рамнодушен!

Пејачката Лејди Гага (38) отсекогаш важела за многу ексцентрична пејачка, која каде и да се појави привлекува сечие внимание. Сега таа беше главна атракција на филмскиот фестивал во Венеција.Фестивалот во Венеција продолжува долго време, а и самата публика имаше можност да ужива во филмовите кои ќе бидат во игра за престижниот Оскар. Сепак, се чини дека сега во преден план беа самите актери, нивните фустани и љубовните приказни  .Претходните денови се шпекулираше за можна средба на Анџелина Џоли и Бред Пит, потоа за неговиот нов партнер, за голи фустани и страсни бакнежи. Тогаш на сцената излезе контроверзната пејачка.Лејди Гага се појави во ексцентричен фустанНејзиниот екстравагантен црн фустан на сите им го одзема здивот, а на главата имаше капа во форма на ѓаволски рогови, кои беа врзани околу рабовите. Потценување е да се каже дека сите погледи беа вперени во неа.Омилената пејачка на многумина неодамна објави дека се свршила, а сега за прв пат беше во јавноста со новиот партнер Мајкл Полански.Освен свршеничкиот прстен и нејзиниот иден сопруг, Гага ја покажа и ново-старата фризура и со својот изглед ги воодушеви сите обожаватели.

Пронајдете не на следниве мрежи: