Лејкерси го растурија Бостон

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го декларираа Бостон со 113:99 во најголемото дерби во НБА лигата. Лејкерси со оваа победа на најдобар начин се простија од починатиот сопственик Џери Бас.Двајт Хауард со 24 поени и 12 скокови ги предводеше лејкерси до победата. кај ’езерџиите’ со учинокот се истакнаа Ерл Клард со 14 поени и 16 скокови, односно Коби Брајант и Стив Неш кои исто така реализираа по 14 кошеви.Џејмс Харден одигра одличен натпревар против својот поранешен тим и е најзаслужниот што Хјустон ја победи Оклахома со 122:119.Харден постигна 46 поени, тој постигна седум тројки од осум обиди, одличен меч за Хјустон одигра и Џереми Лин кој имаше учинок од 29 поени, осум асистенции и шест скокови. Кевин Дурент во редовите на Оклахома забележа ’трипл дабл’ од 16 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Тандер го предводеа Расел Вестбрук и Табо Сефолоша со по 28 поени.Индијана, во дербито на истокот, го совлада Њујорк со 125:91, Пол Џорџ (27 поени и 9 скока) и Дејвид Вест (18 поени и 9 скока).Актуелните шампиони, кошаркарите на Мајами, ја забележаа осмата победа во низа, откако ја совладаа Атлатна со 103:90. Леброн Џејмс на оваа средба стави крај на серијата натпревари на кои постигнуваше 30 и повеќе поени. Џејмс натпреварот го заврши со 24 поени и 11 асистенции. Резултати:Торонто-Мемфис 82:88Шарлот-Денвер 99:105Кливленд-Њу Орлеанс 105:100Милвоки-Бруклин 94:97Минесота-Филаделфија 94:87Далас-Орландо 111:96Голден Стејт-Феникс 108:98.
МакфаксКошаркарите на ЛА Лејкерс го декларираа Бостон со 113:99 во најголемото дерби во НБА лигата. Лејкерси со оваа по

Пронајдете не на следниве мрежи: