Четврток е резервиран за одигрување на реванш натпреварите во 1/16 финалето во фудбалската Лига Европа.Репрезентите на македонскиот фудбал во ова натпреварување Горан Пандев (Наполи) и Даниел Ѓеорѓиевски (Стеауа), со своите екипи ќе имаат тешки, речиси невозможно задачи за да изборат пласман во осмина финалето.Наполи, ќе гостува во Плзен, кај Викторија, во обид да ја надополни негатива од 0:3 со која играчите на чешкиот тим се стекнаа пред една недела во Неапол.Стеауа, на домашен терен, против Ајакс ќе се обиде да ја стигне и престигне негативата од два гола со која Холанѓаните се стекнаа во Амстердам на првиот натпревар.Покрај Пандев и Ѓеорѓевски, Мак фудбалот, во четврток ќе биде претставен и од Александар Ставрев, кој со помошниците ќе го суди натпреварот на „Стенфорд Бриџ“, помеѓу Челзи и Спарта Прага.Лига Европа 1/16 финале, реванш натпревари:Рубин-Атлетико Мадрид (прв натпревар 2:0)Клуж-Интер (0:2)Дњепар-Базел (0:2)Лацио-Борусија Менхенгладбах (3:3)Лион-Тотенхем (1:2)Металист-Њукасл (0:0)Генк-Штутгарт (1:1)Бенфика-Баер Леверкузен (1:0)Бордо-Динамо Киев (1:1)Челзи-Спарта Прага (1:0)Фенербахче-БАТЕ Борисов (0:0)Хановер-Анжи (1:3)Ливерпул-Зенит (0:2)Олимпијакос-Леванте (0:3)Стеауа-Ајакс (0:2)Викторија Плзен-Наполи (3:0).
МакфаксЧетврток е резервиран за одигрување на реванш натпреварите во 1/16 финалето во фудбалската Лига Европа.