Англискиот премиерлигаш Ливерпул истакна дека нивниот напаѓач, уругваецот Луис Суарез не е на продажба.Јан Ајр, директорот на Ливерпул, изјави дека очекува Луис Суарез и наредната сезона да игра за Ливерпул.
„Што и да мислат другите луѓе, нам тоа не не интересира, ние немаме намера да го продадеме Суарез, тој продолжи со напорните тренинзи во тимот, очекувам дека ќе биде во клубот и наредната сезона“ изјави директорот на Ливерпул.
Ајр изјави дека клубот одбил две понуди за Суарез, бидејќи во клубот се категорични дека Суарез не треба да биде продаден.
„Суарез веќе се приклучи на тимот во Мелбурн, мислам дека сфаќа колку има поддршка овде“ вели директорот на англискиот премиерлигаш.Јан Ајр, директорот на Ливерпул, изјави дека очекува Луис Суарез и наредната сезона да игра за Ливерпул.