Лидерот на сириската опозиција ја осуди пасивноста и поднесе оставка

Водачот на сириската опозиција Амхемд Моаз ал-Катиб беше критичен кон меѓународната заедница и во неделата си поднесе оставка уште еднаш осудувајќи ја пасивноста на светот кон крвопролевањата во Сирија, пренесуваат медиумите кои известуваат дека војските на претседателот Башар ал-Асад напредуваат кон градот Хомс регионот кој граничи со Либан.

 Амхемд Моаз ал-Катиб, кој е познат по неговиот директен говор ја критикуваше неактивноста на меѓународната заедница во однос на двегодишната граѓанска војна во Сирија во која според податоците на Обединетите нации загинале повеќе од 70 илјади луѓе.
„Ја потврдувам оставката на Амхемд Моаз ал-Катиб, таа е конечна”, изјави член на опозициската коалиција и додал дека Катиб за тоа ги известил присутните во Истанбул каде што во неделата се одржуваше состанокот на групата Пријатели на Сирија, што ја сочинуваат главно западните земји и исламските сунитски земји кои се непријателски расположени кон шиитскиот претседател Башар ал-Асад и ги поддржуваат сириските сунитски бунтовници.
Оставката на Катиб дојде по состанокот на групата Пријатели на Сирија во Истанбул, кога на крајот американскиот државен секретар Џон Кери најави удвојување на мирновременската помош за опозицијата и бунтовниците во Сирија, но без давање помош во тешко вооружување како што инсистираше опозицијата, бидејќи западните земји стравуваат дека тоа може да дојде во рацете на екстремистичките групи кои се борат на страна на опозицијата но соработуваат и со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон која во своите извештаи наведува дека се потпира на изјави на активисти од теренот, соопшти дека најмалку 80 луѓе се убиени претходните пет дена во близина на главниот град Дамаск, што според неа укажува дека не надзира крајот на војната.
Додека владината армија напредува на југот од земјата, државната новинска агенција SANA информираше дека сирискиот претседател Башар ал-Асад повторил дека нема д аправи компромиси со екстремистичките и терористички групи, како што официјално ги нарекува бунтовниците.
Во обраќањето на една либанска делегација, Асад изјавил дека Дамаск и Бејрут заедно ќе ги поништат странските заговори кои планирале да покренат нов „Сикес-Пикот”, француско-британски договор склучен 1916 година поради тогашната поделбата на деловите од пропаднатото Отоманско царство.
Макфакс
Водачот на сириската опозиција Амхемд Моаз ал-Катиб беше критичен кон меѓународната заедница и во неделата си поднесе

Пронајдете не на следниве мрежи: