Лидерската средба се одржува во Кристалната сала, во Собранието на Република Македонија

Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии, соопшти владината прес служба.

Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Македонија.

Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.