„Лидерска“ средба во Кабинетот на Претседателот

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровскисе одржа средба на претседателите на политичките партии кои самостојно освоија мандати на последните парламентарни избори, на која се дискутираше за одржувањето на предвремените избори. Со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет.

Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19.

Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

Почетокот на идната недела ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.