Никој не знаеше дека омиленото Тв лице на многумина Лила Филиповска која ја нарекуваат кралица на квизовите и препознатлива по гламурозниот изглед – води битка со подмолната болест… никој, освен најблиските. Таа повеќе од една година молчеше дека ѝ е дијагностициран канцер на дојка, за што првпат проговори во ексклузивното интервју за естрадниот магазин Бекстејџ. Познатата водителка Лила Филиповска повеќе од една година ја водеше својата најголема животна битка – ракот на дојка.
Единственото нешто за кое можеме да кажеме да ја издаде е тоа што постојано носеше перика, но сега и тоа е веќе минато. Емотивна, искрена како никогаш досега Лила упати порака до сите кои се во иста или слична ситуација.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.