Калиумот од лимоновата кора ги опушта крвните садови и го намалува крвниот притисок
Кога ќе го исцедиме лимонот, обично ја фрламе кората. Но не би требало да го правиме тоа, бидејќи таа побогата со хранливи состојки од самиот сок. Имено, кората е полна со витамините А и Ц, со калиум, калциум и влакна кои имаат позитивно влијание на нашите мускули, очи, нерви, срце и дигестивен систем.
Калиумот од лимоновата кора ги опушта крвните садови и ја намалува хипертензијата. Тоа допринесува за подобра работа на срцето.
Кората од лимон им се препорачува на сите оние што страдаат од запек, бидејќи е богата со влакна. Таа исто така има позитивна улога во одржувањето на нормалната телесна тежина, добар сојузник е и во спречувањето на појавата на шеќерна болест.
Освен што делува лековите на организмот однатре, таа има и надворешна употреба. Може да ја користите за да ги премачкувате раните и акните. Кога станува збор за раните, докажано е дека антибактериското дејство на екстрактот од лимонова кора помага за зараснување на раните.
Соединенијата од лимоновата кора ги стеснува порите на кожата, поради што оваа кора се покажала како делотворна и во лекувањето акни.