Лимонот е едно од најздравите овошја, но од него можете и да се разболите

Кога ќе кажеме лимон, првата мисла е здравјето. Ова овошје е полно со витамин Ц, добро е за варење, за зајакнување на имунитетот, детоксикација, за тонусот на кожата.
Сепак, некои студии велат дека лимонот, а особено лимонадата предизвикуваат ефекти кои не се секогаш позитивни.
Лимонот, пред сè, содржи силни киселини, така што може да биде силна намирница за стомакот. Што се однесува до маските и третманите за лице, и тука мора да бидете внимателни, бидејќи тие можат премногу да ја исушат кожата, а ако имате брадавици, од киселината на лимонот тие можат да прокрвават.


Еве неколку можни проблеми на кои треба да ги внимавате со ова овошје.
1. Забната глеѓ
Премногу сок од лимон може да ја отстрани глеѓта од забите, така што тие ќе бидат значително послаби. Затоа, трудете се секогаш да пиете лимонада со цевка.
2. Жиговина/Киселини во желудникот
Ако пиете премногу лимонада, можно е да ве мачи жиговина, односно киселини во желудникот, па затоа внимавајте.
3. Проблеми со стомакот
Ако не сакате да имате проблеми со стомакот и варењето, внимавајте колку лимонада донесувате или пиете со некоја храна.
4. Често уринирање
Не толку често, но се случува лимонадата да дејствува како диуретик, ако се консумира во големи количини. Затоа, ако не сакате да трчате во тоалетот секој час, но и да дехидрирате, намалете со лимонадата.
5. Проблеми со бубрезите
Кората од лимонот содржи оксалати кои можат да предизвикаат некои здравствени проблеми, така што оние кои веќе имаат проблеми со бубрезите, треба повеќе да внимаваат.
6. Восок
Лимонот кој вообичаено се одгледува често е обложен со восок за да се заштити за време на транспортот. Бидејќи потеклото на овој восок не може секогаш да се утврди, најдобро е да консумирате органски одгледуван лимон. Ако тоа сепак, не сте во можност, секако избегнувајте да ја користите кората, а пред употребата добро измијте го овошјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.