Линдзи Лохан осудена на 90 дена рехабилитација

Холивудската актерка Линдзи Лохан е осудена во понеделникот на 90 дена во центарот за рехабилитација од затворен тип поради сообраќајната несреќа по која беше обвинета дека ја мамела полицијата.

Актерката не ги демантираше обвиненијата кои ја товарат, но не се изјасни дека се чувствува виновна. Осудена е на две години условно, а ќе мора да одработи и 30 дена општествено полезна работа. Потоа ќе мора да оди 18 месеци на психотерапија.
Сообраќајната несреќа се случи на 8-ми јуни 2012 година во Санта Моника, на автопатот по брегот на Тихиот Океан. По доаѓањето на сообраќајната полиција за да изврши увид, Лонзи Лохан која од минатото лето живее во Њујорк, изјавила дека таа не управувала со возилото. Истрагата, меѓутоа, утврдила дека лажела.
На 26-годишната Лохан во март 2012 година и' беше укината условната казна по речиси пет години, откако повеќепати беше изведувана пред суд, беше затворана и на задолжителен третман за одвикнување од дроги.
До неодамна Лохан беше во центарот на вниманието на американските медиуми, не поради нејзините улоги, туку по серијата инциденти. Таа со судска одлука беше присилена на задолжителна рехабилитација во установа за лекување зависност од дроги и алкохол. Во 2007 година беше осудена на три години условна казна за два случаи на управување автомобил во алкохолизирана состојба, а подоцна казната ѝ беше продолжена за уште една година. Во мај 2010 година, судот во Лос Анџелес издаде наредба за редовно тестирање на актерката за употреба на алкохол и дрога, како и носење на специјалната „анти-алкохолна” нараквица со којашто беше следено нејзиното движење. За крадење на синџир од јувелирница, Лохан во 2011 година беше осудена на условна казна и задолжително извршување на општествено корисен ангажман во јавни работи.
Лохан неодамна се обиде да се врати на актерството толкувајќи го ликот на славната Елизабет Тејлор во телевизиски филм, меѓутоа повеќето критики беа многу негативни.
Макфакс
Холивудската актерка Линдзи Лохан е осудена во понеделникот на 90 дена во центарот за рехабилитација од затворен тип п

Пронајдете не на следниве мрежи: