Лионел Меси: Дојдовме до последниот меч кој сите го сакавме, Аргентина е во финале, треба сите да уживаме

Лионел Меси даде еден гол, асистираше за уште еден, а Аргентина дојде до мундијалското финале после победата со 3-0 против Хрватска за втора шанса за најдобриот Аргентинец да дојде до последниот пехар, кој толку многу му недостига – златниот трофеј.

Меси стигна до пет гола и три асистенции на овој Мундијал, споредбено со претходните четири, веројатно најдобар, урна низа рекорди и сега му преостанува завршниот чекор, после искусената болка пред осум години со поразот од Германија во Рио де Жанеиро.

„Знам дека не бевме главни фаворити, но знам дека бевме спремни да не се предадеме и се што покажавме беше од меч во меч. Аргентина е во финале, треба сите да уживаме. Не знам дали го играм најдоброто Светско првенство или не, ама знам дека уживам како што не сум уживал долго време. Јас бев убеден дека оваа група на момци може многу, знаеме кој сме и само баравме од луѓето да веруваат во нас“, изјави Меси.

Не може ни да замисли како е сега во Буенос Аирес, Росарио и останатите градови во Аргентина, земјата каде фудбалот е повеќе од игра.

„Многу работи чувствувам, но ова што го гледам е – страшно возбудливо. Гледајќи ги луѓето со цели семејства на Светско првенство е нешто неверојатно. Дојдовме до последниот меч кој сите го сакавме. Минавме низ многу тешки ситуации, низ многу добри, на крајот искусивме сите нешто спектакуларно. Вакво уживање и да се видат сите Аргентинци како слават… А, можам само да замислам како е во татковината – сигурно е тотално лудо!“, додава Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.