Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, вечерва стана најдобар стрелец на сите времиња на Светските првенства.
Во моментов во Далас се игра натпревар од 2. коло од групната фаза на Светското првенство во Америка, Канада и Мексико, а Аргентина се среќава со селекцијата на Австрија.
„Гаучосите“ поведоа во 39-тата минута од натпреварот, откако Меси брилијантно постигна гол по одбиената топка од левата страна. Меси шутираше мајсторски и постигна гол за 1:0.
Претходно, Меси промаши пенал во 9-тата минута.
За Меси, ова е 17-ти гол во кариерата на Светските првенства и сега е апсолутен рекордер, откако го остави зад себе Мирослав Клозе со 16 гола. Роналдо Назарио има 15 гола, а Герд Милер и Килијан Мбапе имаат по 14.
The post Лионел Меси стана најдобар стрелец на сите времиња на Светските првенства appeared first on Во Центар.



