ЛИСИЧЕ: Нова бетонизација и десеткатници!

Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници, реагираат денеска од СДСМ.

-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди. Деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум, велат од СДСМ.

Претходно на ваквиот ДУП реагираа и од Левица од каде велат дека “манипулаторот Тимчо Муцунски пробува да прошверцува противзаконски ДУП за населба Лисиче со стотина нови згради налик на Стар Аеродром”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.