Литературна вечер во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје






Оваа сабота, на 06.4.2024 година во просториите на Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи литературна вечер на која ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ објавени во 2021 година, кои поради Ковид-пандемијата сè досега не беа промовирани. Значајно за сите 3 книги е тоа што се дел од Современа македонска книжевност-едиција: КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ и истите се носители на награди на конкурси распишани од издавачката куќа ДАТА ПЕСНОПОЈ – Битола. Стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (носи II награда ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА), новелата „Сињор Џордано и… (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) и романот „Разголување“ (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) издадени од Дата ПЕСНОПОЈ – Битола објавени 2021 година. Книгите се објавени под псевдоним на авторката – Ана Каракаш. Автор на кориците на сите три книги е г-дин Илија Мерковски, главен и одговорен уредник во издавачката куќа ДАТА ПЕСНОПОЈ – Битола која зад себе има децениска успешна работа. Во сите три дела темата е убавината, љубовта и пролетта.

Модератор на настанот и промотор на книгите: „Скршен поет и други поеми“, „Сињор Џордано и…“ и „Разголување“ од Гордана Каракашевска ќе биде Елеонора Николовска.

Избор стихови ќе читаат Елизабета Клинчаревска Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: