петок, 27 ноември 2026
Најново

ЛИХВАРИ ИЗНУДИЛЕ 292.520 EВРА ОД ЛИЦЕ ОД ОХРИДСКО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство” по член 260 од Кривичниот законик, се вели во полицискиот билтен.
Охридската полиција поднесе пријави против неколку лица осомничени дека на лице од охридско му изнудиле 17.990.000 денари позајмувајќи му пари преку неговата невечната сопруга, информираше Министерството за внатрешни работи. Лицата договарале за себе несразмерна противправна имотна корист, вели СВР Охрид.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство” по член 260 од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен.
Парите, се вели во полициското соопштение, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.
Извор: ПлусИнфо

Поврзани вести