Лицата што страдаат од дијабетес се во најризичната група: Овие 3 суплементи најдобро ќе ве заштитат од вируси!

Се проценува дека околу 415 милиони луѓе живеат со дијабетес, но вистинскиот проблем е тоа што многу од нив не се ни свесна за нивната состојба. Во време на пандемија, зголемената претпазливост е неопходна, бидејќи овие лица се меѓу најзагрозените.
Дијабетесот е хронична болест која се јавува или кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го искористи инсулинот што го произведува. Инсулинот е хормон што го регулира шеќерот во крвта. Дијабетесот е главна причина за губење на видот, затајување на бубрезите, срцев удар и мозочен удар.
Здравата исхрана, редовната физичка активност, одржувањето нормална телесна тежина и одбегнувањето употреба на тутун, се начини за спречување на појавата на дијабетес тип 2, а неговите последици може да се спречат и со правилна исхрана.
Ова се најмоќните алатки кога станува збор за борбата со дијабетес и со новиот вирус:


Цимет
Циметот е зачин што се користи илјадници години во традиционалната медицина, а една од главните предности на циметот е неговата голема количина на антиоксиданси.
Антиоксидансите се важни, бидејќи му помагаат на телото да го намали оксидативниот стрес, вид на оштетување на клетките што го предизвикуваат слободните радикали. Ова е важно, бидејќи оксидативниот стрес е вмешан во развојот на речиси секоја хронична болест, вклучувајќи го и дијабетесот тип 2.
Тој помага во снижувањето на шеќерот во крвта и во борбата против дијабетес имитирајќи ги ефектите на инсулинот и зголемувајќи го транспортот на глукоза во клетките. Исто така, го прави инсулинот поефикасен во пренесувањето на глукозата во клетките.
Хром


Хромот на најефикасен начин го снижува шеќерот во крвта, па повеќе се користи кај заболените од дијабетес тип 2, потврдило едно истражување на британски лекари.
Витамин Д
Овој витамин придонесува за стабилни вредности на шеќерот во крвта и поага во превенцијата на преддијабетес и дијабетес тип 2. Во комбинација со калциум, особено е ефикасен за регулација на инсулинот и шеќерот во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.