Личните карти повеќе нема да се доставуваат на врата

Полициската поштарска служба заврши. Почнувајќи од денес, не чекајте полицаец да ви тропне на врата и да ви ја донесе личната карта на домашна адреса. Документот мора сами да го подигнете во најблиските полициски станици според адресите каде што сте регистрирани. Од МВР велат дека новиот начин на испорака се очекува да има позитивни резултати и да ги намали гужвите и вознемиреноста кај граѓаните. Ова важи само за лични карти. Пасошите и возачките дозволи ќе се земаат на местата каде граѓаните се фотографирале. Но, во пунктовите што ги посетивме имаше и револт.

Граѓаните на Скопје од денеска ќе си ги подигнат личните карти во полициските станици, а МВР го овозможи тоа за да се избегне долго чекање на главните пунктови за прием на документи.

Граѓаните се жалат дека и по брза постапка многу се чека за термин. Во редовен термин закажувањето е за месец август, а за итната постапка се закажува во јули. Обрасци има за до почетокот на мај, но очекува наскоро да пристигнат нови примероци за продолжување на динамиката на издавање пасоши.

Досега се издадени 1,4 милиони нови пасоши, 1,2 милиони лични карти и 600 илјади возачки дозволи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.