Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Македонија.
- Хил: Ќе се разгледа предлогот на Вучиќ за средба Путин-Трамп во Србија
- Зеленски праќа пожарникари во Лос Анџелес! „Ситуацијата таму е исклучително тешка и Украинците можат да им помогнат на Американците и да им ги спасат животите“ (ФОТО/ВИДЕО)
- Жена од Брвеница нападнала полицајци!
- Индија и Кина повеќе не ја сакаат руската нафта! Танкери беа одбиени на влезот на пристаништето: Одлуката донесена истиот ден кога Америка испорача санкции кон српската NIS
- Судот откри зошто поранешниот српски министер Горан Весиќ е на слобода – Адвокатите велат дека позадината е друга
-Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата, рече Спасовски.
Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.
Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.