Според верувањата, овие подароци носат само несреќа. Постојат луѓе што не се суеверни и што не обрнуваат внимание на овие детали, па можете да добиете подароци од нив што носат лоша енергија. Најдобро е да се воздржите од подарување и од примање на овие подароци:
Лични предмети што не треба да ги подарувате никому затоа што носат несреќа
1. Огледало
Многу различни мистични приказни и верувања се поврзани со огледалото. Се верува дека тоа е прозорец во светот на мрачните сили, полн со ужасни суштества желни за зло. Скршеното огледало е лош знак затоа што тоа значи дека злото што е од другата страна ќе дојде во овој свет.
2. Влечки
Влечките се некако чудно поврзани со ритуалот на погребување на мртвите. Чувствителните луѓе може да го сфатат овој подарок како лош предзнак и личноста на која ѝ подарувате влечки може да се навреди.
3. Пешкир
Исто како влечките, пешкирот се смета како потребен прибор за погреб.
4. Нож и други остри предмети
Сите тие привлекуваат негативна енергија, па кавгите и скандалите доаѓаат заедно со нив во куќата.
5. Керамички фигури и препарирани птици
Според легендата, птицата што ќе слета во домот предвидува нечија смрт или голема несреќа. Од таа причина, дури и убавите птици не се пожелни и се сметаат за лош знак.
6. Часовник
Во арапскиот свет, таков подарок се смета за покана за погреб, а Европејците веруваат дека часовникот ќе доведе до неуспех во биолошкиот часовник. Затоа, не подарувајте им часовник на најблиските.
7. Празен паричник
Подарувањето паричник не е забрането. Но, внатре мора да има барем една банкнота. Во спротивно, празниот паричник ќе остане таков подолго време.
Многу е тешко да ги добиете овие подароци затоа што е непријатно да ги одбиете, особено ако се од личност која ве сака или која вие ја сакате. За да ги избегнете несреќите што ги носат ваквите подароци, препорачливо е да го направите следново:
1. Подарокот ставете го во сол, а потоа во пластична кеса и оставете го преку ноќ. Наутро, целата негативна енергија треба да исчезне.
2. Поминете со подарокот над запалена црковна свеќа или свеќа од слава. Се разбира, тоа треба да го направите дома.
Ако сепак добиете еден од овие подароци, прифатете го со насмевка и не заборавајте дека не можете да добиете лош и негативен подарок од добра личност.