Лишени од слобода 10 возачи, возеле без возачка дозвола, со забрана за управување, пијани и со поголема брзина од дозволената

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола.  Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила.

По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила  иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи: