Вчера (15 февруари) околу 12.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од Страјане.
„Тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.“, извести МВР.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи