Логика? Опозицијата бара предвремени избори и истовремено ги бојкотира локалните

Логика? Опозицијата бара предвремени избори и истовремено ги бојкотира локалните

Секогаш тврди дека е победник, пред да се одржат изборите. Секогаш најавува триумф на неговите кандидати, за кои многумина тврдат дека ги бира по сопствена желба и исклучиво ако му се блиски по лична линија. И секогаш на крајот есапот излага поинаков…

Откако е Кристијан Мицковски на чело на ДПМНЕ партијата нема забележано победа. Минуваат години и изборни циклуси но победа нема на повидок.

Секоја опозиција чека шанса да се добере до било какви избори за да ја презеде иницијативата. Но не и Мицковски. Тој ги користи прес конференциите за да се пофали дека победата е негова, за да потоа се повлече. Во меѓувреме непречено ужива во инстуционалните погодности кои ги дава корумпираниот политички систем во државава. Партиите сами си се договорија за зголемување на парите што ќе ги добиваат од буџетот. Народот не го прашаа. Па така и во опозициска улога кај Мицковски се слеваат стотици милиони денари на годишно ниво. Кои може да ги располага како што сака. Знаеме дека финансиска контрола на партиите во оваа држава не постои.

Па токму затоа и не мора да оди на избори во Штип. Пари има, статус има, зграда (палата) има. Опозиција каква што Заев само може да посака.

Но, колку да се замаскира дека нешто се прави, вчера се побараа предвремени парламентарни. Не чинела работата во државава. На парламентарни може да оди, но на локални не. Премногу е проѕирно.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ тоне во поделби. Се повеќе членството се ситни и демотивира. Нема лидерство. Нема визија, нема јасен правец како да се делува. Додека се изложени на прогон нема кој да ги заштити. Се делат откази и се спрема уште поголемо чистење на администрацијата. Погодувате кој прв „ќе лета“ од работа.

Колку ли се смешка Заев кога гледа каков противник има…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.