„Јасно им е на сите дека нема да им дадеме зелено светло за ЕУ додека одредени кругови таму работат против Бугарија и им служат на стари тези. Времето на Тито и Сталин одамна помина за да се дозволува нивните политики да живеат во 21 век, кои при тоа се штетни за Бугарите од двете страни на границата. На тоа безумие треба да се стави точка“, изјави денеска лидерот на движењето ВОЛЈА и заменик-претседател на бугарското собрание – Веселин Марешки, според кого „крајно време е Бугарија и Северна Македонија да се повторно заедно“.
„Ние сме еден народ, со заедничко минато. Ако успееме да го елиминираме влијанието од интерес на една или друга голема држава, ако ги гледаме само и единствено интересите на граѓаните, обединувањето е логичниот пат. Така ќе се пресечат сите шпекулации со историјата и тие нема да се пречка за иднината. А и нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани“, тврди Марешки, кој додава дека е убеден дека и кај двете страни има „мудри луѓе кои размислуваат за таа варијанта, колку и да изгледа изненадувачка во оваа етапа“.
Според него, чин на обединување би претстсавувал историски пример за далекусежно гледање кон иднината и разум на Балканот, пренесува порталот „Актуално.бг“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.