Како што соопшти дежурниот командир во проривпожарната станица во Кабадарци, Марјан Колев голем дел од пожарот во кавадаречкото село Манастисец е локализиран, но се уште не е изгаснат на непристапниот терен.
Неофицијално, од пламените јазици што 9 часа беснеаа на месноста “Свереова падина“ опожарени се околу 80 хектари сува трева и ниско стеблеста шума. Пожарникатите од кавадаречката противпожарна единица интревенираа заедно со вработени од шумско стопанство “Бор“. Спречено е ширење на огнот кон боровата шума на Љубаш, а со тоа е спречена и многу поголема катастрофа.
Материјалната штета и зафатеноста на опожарената површина ќе се проценува утре, рече синоќа Колев. Според него спасена е боровата шума, а изгорела сува трева и нискостеблести растенија