Лондонските аеродроми нарачаа воена опрема за заштита од дронови

Лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ нарачаа воена опрема за заштита од дронови, вредна неколку милиони фунти, откако неодамна се случија инциденти со овие беспилотни летала, поради што воздушниот сообраќај во неколку наврати беше во прекин, објави „Тајмс“.
Весникот наведува дека министерот за сообраќај Крис Грејлинг во врска со тоа прашање разговарал со раководството на полицијата, авијацијата и одбраната.


Аеродромските власти не ги коментираат овие наводи.
Инцидентите со дронови, поради кои минатиот месец на аеродромот „Гетвик“ беа нарушени плановите за патување на неколку илјади луѓе во пресрет на Божик, укажаа на ранливоста на воздушниот сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.