Лошите диети посмртоносни од цигарите

Според најновите истражувања, лошата диета е прогласена за „полоша од пушењето“, заедно со виното, содата, како и со неактивниот, „седечки“ живот. Еден од пет смртни случаи годишно или вкупно 11 милиони во светот, се последица од неправилната исхрана, пишува NY Post.
Откриено е дека болестите како што се ракот и дијабетесот најчесто се поврзуваат со лошите прехранбени навики, како и со погрешни диети кои знаат да бидат погубни за нашиот организам. Земји со најмалку смртни случаи кога станува збор за прехранбените навики, биле оние кои ја следеле медитеранската исхрана, како што е Шпанија, велат истражувачите.


Земјата е богата со производи како што е маслиновото масло, што ја направи овогодинешна најздрава земја, според Блумберговиот индекс за здрави земји за 2019.година. Интересно е тоа што лошите прехранбени избори на листата ги „претркале“цигарите инаку важат за главен непријател на здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.