Лошите навики на хороскопските знаци

Доколку верувате во астрологија, веројатно ќе се согласите дека некои наши лоши навики зависат од хороскопските знаци. Во зависност од вашиот хороскопски знак, вие можеби премногу работите, премногу трошите или пак лесно избувнувате. Потребно е да станете свесни за вашите негативни навики за да можете да ги смените. Дозволете им на ѕвездите да ви помогнат и дознајте кои се 5-те најлоши навики на секој хороскопски знак…

Овен

1. Пцуење. Овните многу пцујат баш тогаш кога не треба. Иако ова не ви делува како голема работа, може да ви предизвика проблеми.

2. Дејствуваат без размислување. Честопати, Овните мораат од почеток да ги прават работите, бидејќи првиот пат не ги направиле како што треба.

3. Прекинуваат. Кога Овните сакаат нешто да кажат, тие се многу гласни без разлика дали некој друг веќе почнал да зборува.

4. Си играат со косата. Нивната опседнатост со косата може да доведе до несвесно играње со прамените. Ова не е најлошата навика на светот, но сигурно ви звучи познато!

5. Пијат премногу кафе. Нема ништо лошо во пиењето кафе, ако се работи за умерени количини. Овните претеруваат, а тоа е знак на нивната амбициозна природа.

Овните можат да ги сменат нездравите навики ако дишат длабоко и ако научат да ги слушаат другите. На тој начин ќе го намалат стресот, нема да бидат импулсивни и нема да ги прекинуваат луѓето додека зборуваат.

Бик

1. Веднаш кажуваат „Не“. Биковите кажуваат „Не“, уште пред да го чујат целото прашање. На овој начин можат да пропуштат многу неверојатно можности.

2. Премногу често одат на шопинг. Биковите честопати одат на шопинг за да се справат со нивните проблеми, но тоа може да се одрази негативно на нивната финансиска ситуација.

3. Ја стискаат вилицата. Биковите многу често крцкаат со забите и ја стискаат вилицата, особено кога се нервозни.

4. Многу се строги. Биковите ги прават работите на свој начин и никој не може да ги убеди да пробаат нешто ново. Тие се заглавени во нивните рутини!

5. Се плашат од промени. На Биковите многу им е тешко да ги прифатат промените и се обидуваат да ги одбегнат по секоја цена.

Биковите треба да научат да се справуваат со нивните емоции на поздрави начини. Медитацијата и дружењето со блиските пријатели можат многу да им помогнат да се ослободат од лошите навики.

Близнаци

1. Озборуваат. Близнаците ги обожуваат добрите приказни, но тоа понекогаш ги наведува на озборување.

2. Постојано го проверуваат телефонот. Никогаш не го испуштаат телефонот од рака!

3. Лесно губат концентрација. Ова е голем проблем за Близнаците. Тие честопати се исклучуваат кога некој раскажува нешто.

4. Расеани се. Секогаш доцнат поради ова.

5. Лесно им станува здодевно. Како последица на тоа, постојано се во движење.

Близнаците треба да станат повнимателни и да пробаат да бидат навистина присутни во разговорите со другите, но и во сите останати активности.

Рак

1. Премногу гледаат телевизија. Нормално е понекогаш да се остане дома, но Раковите треба да излегуваат почесто.

2. Постојано се жалат. На сите им треба издувен вентил, но Раковите претеруваат.

3. Ги потиснуваат емоциите. Раковите не се ослободуваат од фрустрацијата и презирот, а тоа може да доведе до негативно размислување и жалење.

4. Премногу се чувствителни. Нивната претерана чувствителност доведува до голем стрес. Честопати, Раковите бараат утеха на многу нездрави начини.

5. Чуваат премногу работи. Тие чуваат премногу стари работи, затоа што се емоционално приврзани за нив.

Раковите би требало да разговараат за нивните емоции со терапевт или добар пријател. Тоа ќе им помогне да се справат со тагата и нездравите навики.

Лав

1. Се плашат од промени. Лавовите остануваат заглавени во минатото, бидејќи се плашат од промени. Тоа може да им предизвика многу проблеми, особено ако заглавиле во нездрава љубовна врска или работа што не ги исполнува.

2. Споделуваат премногу информации на социјалните мрежи. Кога сакаат да побегнат од сопствените проблеми, Лавовите бегството го бараат онлајн. Тоа може да им ја намали продуктивноста.

3. Се чувствуваат несигурно. Лавовите сакаат да изгледаат најдобро што можат и поради тоа се опседнуваат со најситните детали.

4. Премногу се сончаат. Лавовите го обожуваат сонцето, но претераното сончање има негативно влијание на кожата.

5. Премногу лично ги сфаќаат работите. Многу лесно можете да ги повредите чувствата на Лавовите, бидејќи тие сѐ сфаќаат лично.

Нездравите навики на Лавовите потекнуваат од нивното емоционално незадоволство. Ако не се исполнети нивните основни емоционални потреби, тие почнуваат да се однесуваат лошо.

Девица

1. Даваат непотребни совети. Овие совети повеќе личат на критики, па затоа бидете внимателни!

2. Премногу се грижат. Девиците се перфекционисти, а тоа доведува до големи грижи.

3. Ги одложуваат работите. Девиците сакаат да ги завршат обврските како што треба, па затоа честопати ги одложуваат.

4. Имаат негативно мислење за себе. Поради нивниот перфекционизам, Девиците се критикуваат себеси ако не успеале да ги завршат работите он ака како што планирале.

5. Тие се големи ситничари. Девиците имаат добро око за детали, но тоа понекогаш доведува до караници со другите луѓе кои не ги прават работите онака како што припадниците на овој знак би ги направиле.

Девиците се премногу зафатени со животните ситници, но би требало да ја погледнат големата слика, да се опуштат и да уживаат во животот. Тие се многу креативни, па затоа добро би било да се занимаваат со некое креативно хоби за да се ослободат од негативната енергија.

Вага

1. Трошат многу пари. И Вагите одат на шопинг кога имаат проблеми, а тоа честопати ги доведува до празен паричник.

2.„Фаќаат“ врски. Вагите сакаат да се дружат со влијателни луѓе, но „фаќањето“ врски за одредени работи не е секогаш добро прифатено.

3. Не знаат да кажат „Не“. Вагите сакаат да им угодат на другите, а тоа доведува до пренатрупан распоред.

4. Премногу брзо се вљубуваат. Вагите се вљубуваат во замислата што ја имаат за некоја личност, а не во нејзиниот вистински карактер.

5. Премногу им угодуваат на другите. Тие ќе направат сѐ само за да ги одбегнат конфликтите.

Вагите треба да научат да се грижат за себе. Не мора сите луѓе околу нив да ги направат среќни!

Скорпија

1. Многу се опсесивни. Скорпиите се опседнуваат речиси за сѐ што постои на светов.

2. Сакаат да ги контролираат работите. Скорпиите имаат потреба постојано ги контролираат работите што им се случуваат во животот, а тоа негативно се одразува на нивните врски.

3. Се плашат од неуспех. Никој не сака да потфрли, но Скорпиите не можат да заспијат навечер поради оваа помисла.

4. Многу се мистериозни. Скорпиите не можат да се отворат, а тоа влијае на нивните врски, бидејќи делуваат подмолно.

5. Имаат високи очекувања. Скорпиите се лојални, но премногу бараат од луѓето околу нив.

Скорпиите би требало да медитираат за да се справат со нивните опсесивни мисли и повеќе да им веруваат на нивните партнери.

Стрелец

1. Се коцкаат. Оваа навика може да прерасне во голем проблем за Стрелците, бидејќи може да се претвори во зависност.

2. Го кажуваат она што не го мислат. Стрелците понекогаш зборуваат без да размислат, а тоа може да навреди некого.

3. Премногу работат. Стрелците речиси секогаш остануваат прекувремено на работа и вложуваат премногу труд за да ги завршат обврските.

4. Ги прекршуваат ветувањата. Стрелците си ја сакаат слободата и не сакаат да бидат заробени. Поради ова, понекогаш забораваат на нивните ветувања и ги разочаруваат луѓето.

5. Многу се нетрпеливи. Стрелците имаат големи идеи, но немаат план, поради што не можат да ги остварат со своите цели.

Стрелците треба да се грижат за себе и својата енергија на тој начин што ќе почнат да се занимаваат со некое хоби или ќе одвојат време за одмор. На Стрелците им треба физичка активност за да се ослободат од негативните мисли.

Јарец

1. Живеат во својата глава. Јарците постојано ги решаваат проблемите и знаат да се изгубат во своите мисли.

2. Се критикуваат себеси. Јарците понекогаш се премногу строги кон себеси.

3. Премногу работат. На Јарците им треба потсетник дека треба да се забавуваат.

4. Се плашат од најлошото. Јарците се премногу негативни и ги бие глас на големи песимисти.

5. Пијат премногу кафе. Јарците пијат премногу кафе за да можат да излезат на крај со нивните пренатрупани распореди.

Јарците треба да научат да се грижат за себе за да можат да се ослободат од негативните навики.

Водолија

1. Се опседнуваат со вестите. Водолиите премногу се грижат за работите што се случуваат во светот и тоа им создава голем стрес.

2. Играат многу видео игри. Водолиите знаат да се изгубат во светот на видео игрите.

3. Поминуваат премногу време на Интернет. Водолиите понекогаш поминуваат со часови на Инстаграм и разни блогови.

4. Си легнуваат многу доцна. Водолиите не знаат баш да се грижат за своето здравје. Тие толку многу се посветуваат на некои активности што забораваат да јадат, остануваат до доцна навечер и не вежбаат доволно.

5. Се исклучуваат. Во главите на Водолиите се одвиваат 5 различни разговори истовремено, па затоа понекогаш се исклучуваат од реалноста.

Водолиите мора да научат подобро да се грижат за себе. Обидете се да си легнете порано барем еднаш во животот!

Риби

1. Сонуваат со отворени очи. Рибите имаат премногу бујна фантазија што повеќе ја сакаат од реалноста.

2. Премногу трошат. Рибите многу често заглавуваат во долгови, бидејќи не се свесни за нивната реална финансиска ситуација.

3. Ги одложуваат обврските. Рибите ги одбегнуваат работите што не сакаат да ги прават, па затоа одложувањето може да биде голем проблем за нив.

4. Премногу пијат. Во ред е да испиете по една чашка понекогаш, но Рибите навистина претеруваат.

5. Не се обврзуваат. Рибите не сакаат да даваат ветувања, но ако го сторат тоа, најчесто ги прекршуваат.

Рибите треба да се справуваат со нивните проблеми на здрави начини, како што се водењето дневник, пишувањето, цртањето или зборувањето со блиски пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи: