Лоши бројки од Германија, го срушија рекордот во бројот на новоинфицирани: Над 11.000 нови случаи на ден

Рекорден број на новоинфицирани со коронавирусот е регистриран во Германија денес, а тој број надмина 10 000 за прв пат од почетокот на епидемијата.

Според Институтот за инфективни болести Роберт Кох, во последните 24 часа се потврдени 11.287 нови случаи, а 30 лица починале.

Вкупниот број на заразени лица се искачи на 392.049, а вкупно починаа 9.905 лица, пренесува Ројтерс.

Иако стапката на инфекција во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новоинфицирани започна да рапидно расте со доаѓањето на постудено време, а официјалните лица најавуваат поостри мерки доколку овој тренд продолжи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.