Лоши вести за пензионерите, можно е да им се забрани движење до крај на годината

Лоши вести за пензионерите, можно е да им се забрани движење до крај на годината.

Кон крајот на летото Министерството за здравство ќе прави скрининг на населението, односно тестирање со серолошки тестови по старосни групи со цел да се испита имунитетот на населението. Ако се покаже при овие тестирања дека пензионерите немаат имунитет можно е да дојде до забрана за нивно движење до крајот на годината.

  • Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би слетале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста. -рече Филипче вечерва при неговата прес конференција што ја оддржа од самоизолација.Ж
  • Филипче рече дека учествувал на состанок онлајн на Светската здравствена организација и дека заклучиле коронавирусот не може да се уништи и дека ќе остане активен и по пикот во секоја земја одделно.
  • Потребно ќе биде ново организирање на здравствениот систем со целосно одвоени делови кои ќе бидат наменети само за третирање на пациенти заразени со КОРОНАВИРУСОТ.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Трамп ја обвини Кина дека ги сокрива вистинските бројки околу КОРОНА ВИРУСОТ

Планинарите прашуваат: Подобро ли е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.