Лоши вести за сите љубители на сладоледот

Цените на ванилата минатите две години значително скокнаа, па таа слатка состојка која е дел од многу производи, вклучувајќи го и сладоледот, моментално чини повеќе од среброто, објави Би-Би-Си.
За килограм ванила сега треба да издвоите околу 600 американски долари, што е повеќе од килограм сребро, забележува Би-Би-Си.
Големиот дел од ванилата, повеќе од 75 проценти, се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар, на југоисточниот брег на Африка.
-Главната причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи многу плантажи. А и покрај надежите дека растот на цената ќе запре, тој и понатаму се држи на високо ниво затоа што побарувачката е доста голема, вели Јулијан Гејл, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата ИЕГ Ву.
Гејл вели дека станува збор за зачин кој тешко се одгледува, па поради тоа таа е вториот најскап зачин после шафранот.
Освен во сладоледот ванилата е популарна и во разни слатки производи, алкохолни пијалоци, како и во козметиката на парфеми.
Природниот екстракт од ванила е силен ликер со смеѓа боја и интензивен мирис. Производителите на храна исто така купуваат прав од ванила кој се добива од мелење махун, претходно употребен за добивање екстракт. Неговата исто така скокнала за три пати.
Синтетската арома наречена ванилин шеќер се добива од дрво, а понекогаш и од нафта, а се очекува дека сега може да биде користена во многу индустрии, кои ќе се обидат да ги избегнат значително растечките трошоци, пишува Би-Би-Си.
Барем еден британски произведувач на сладоледи, поради високата цена престанал да нуди ванила. Џули Фишер, која пред седум години ја отворила слаткарницата Руби Виолет, за Би-Би-Си кажала дека ванилата во догледно време ќе ја исфрли од менито во своите лондонски локали, затоа што не може да си дозволи средства колку што би чинела ванилата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.