Освен што е вистински симбол на летото, лубеницата е исклучителен симбол за здравје. Лубеницата изобилува со витамини и минерали.
Го одржува телото хидрирано, а поради обилувањето со витамин Ц и бета каротен исклучително е делотворна во превенција на болести на срцето и хронично воспалителни состојби.
Помага и во одржување на енергијата на телото и како што сигурно ви е познато одлично може да ве освежи и е вистински избор во овие тропски денови.
Витамин А
Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговите својства помагаат во намалување на слободните радикали во телото.
Витамин Ц
Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц исто така ќе го забрза процесот на заздравување на раните, ќе спречи оштетување на ќелиите, ќе го подобри здравјето на забите.
Витамин Б6
Витаминот Б6 е потребен за синтеза на серотонин и норепинефрин кои се заслужни за вашето добро расположение.
Ликопен
Додека голем број од луѓето мислат дека доматите се најдобар извор на ликопен, лубеницата содржи најголема концентрација на ликопен во однос на било кое друго овошје или зеленчук.
Ликопенот го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни болести и макуларни дегенерации.
Калиум
Доколку не сте љубител на банани тогаш калиумот може да го побарате и во лубеницата. Помага во зајакнување на мускулите, го подобрува функционирањето на мозокот и нивото на електролити го враќа во рамнотежа. Исто така ќе помогне во намалување на крвниот притисок.
Аминокиселини
Лубеницата содржи аминокиселини, аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здрајето на артериите и целокупниот кардиоваскуларен систем, а исто така ја подобруваат и циркулацијата.
Вода
Лубеницата е составена од околу 92 отсто вода што значи дека е одличен извор на хидратација. Една шолја лубеница содржи околу 45 калории па затоа таа е вистински сојузник кога станува збор за диетите.