Луда теорија за Барон Трамп се шири на социјалните мрежи: Виновна е роман од 1893 година

Детскиот роман на американската авторка Ингерсол Локвуд од 1893 година ја отвори повторно виралната теорија на заговор дека Барон Трамп, син на Доналд Трамп, е патник низ времето.

Книгата „Прекрасното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче, Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со водич по име Дон. Токму овие имиња и мотиви станаа основа за шпекулации на социјалните мрежи во последните години, а приказната доби ново внимание откако Лара Трамп проговори за тоа во својот подкаст.

Сопругата на Ерик Трамп во емисијата „Вистинскиот поглед со Лара Трамп“ ги отфрли ваквите тврдења и рече: „Барон Трамп не е патник низ времето“. Таа додаде дека тоа е луда теорија, наведувајќи дека го познава Барон 18 години и го гледала како расте.

Политичкиот роман на Локвуд „Последниот претседател“, во кој политички аутсајдер од Њујорк станува претседател, додека градот е во превирања по изборите, беше дополнителен поттик за ширењето на оваа приказна. Некои корисници на интернет гледаат сличности во ова со современите настани поврзани со Доналд Трамп, вклучувајќи ги и протестите во Њујорк по неговата инаугурација.

Застапниците на теоријата наведуваат како наводни индиции дека чичкото на Трамп, Џон Трамп, имал пристап до документите на Никола Тесла, како и цртежи на футуристички летала од уметникот Чарлс Делшоу на кои се појавуваат зборот „ТРАМП“ и броевите 45 и 47.

Прашањето за патувањето низ времето останува предмет на научна фантастика и теоретска дебата, иако физичарот Стивен Хокинг еднаш скептично рекол: „Најдобриот доказ што го имаме дека патувањето низ времето не е можно и никогаш нема да биде можно е тоа што не сме биле преплавени од орди туристи од иднината“.
The post Луда теорија за Барон Трамп се шири на социјалните мрежи: Виновна е роман од 1893 година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: