Момчето кое изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, од денеска и формално има статус на оштетен во постапката против неговите родители и инструкторот за пукање, како и неговиот заменик адвокат. Ова по судењето го изјави адвокатот на родителите на момчето, Ирина Боровиќ, објави РТС.
„Од денеска и официјално К.К има статус на оштетен. Од денеска Вишото јавно обвинителство во Белград ги штити неговите права и интереси“, рече Боровиќ.
Како што изјави Ирина Боровиќ, бранителката на родителите на Коста К., обвинети се за кривично дело занемарување и злоставување малолетно лице. „Тој доби статус на оштетен бидејќи делата за кои се теретат неговите родители се однесуваат на него и штетата која со тоа му е нанесена“, објасни Боровиќ.