Луис де ла Фуенте експресно назначен за наследник на Енрике

– Само неколку часа откако потврди дека Луис Енрике веќе не е селектор на националниот тим, Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) објави попладнево дека за негов наследник на должноста е назначен 61-годишниот Луис де ла Фунте.

Енрике ја напушти должноста откако Шпанија претходно оваа недела беше елиминирана на пенали од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

„Луис де ла Фуенте е нашиот избор за нов шпански селектор“, соопшти РФЕФ.

Де ла Фуенте од 2013 година е вклучен во работата со младите шпански селекции, а од 2018 година беше селектор на репрезентацијата до 21 година со која во 2019 ја освои европската титула, како и сребрен медал на Олимписките игри во Токио.


Пронајдете не на следниве мрежи: