Лукаревска: ДУИ и фудбалчето се криви, СДСМ се колатерална штета

ДУИ се виновни за дебаклот и катастрофалниот пораз на СДСМ, констатираше во интервју за Алсат поранешната директорка на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска. Во своето интервју оцени дека примери како играњето на фамозното „фудбалче“ на министрите на ДУИ во кабинетот на тогашниот вицепремиер Артан Груби влијаеле негативно на рејтингот на нејзината партија СДСМ.

Овие коментари Лукаревска ги даде само еден ден по Конгресот на СДСМ на кој беа формирани органите на партијата.

„Во јавното мислење се создаде впечаток дека се дозволени одредени политики на ДУИ, нашиот поранешен коалиционен партнер и нивното однесување, што денеска ни се удира од глава, она играње фудбал, оние други процесите коишто одеа позитивно на контото на ДУИ, но го намалуваа рејтингот на СДСМ. Ако имате мнозинство кое е секогаш на граница, често го доведувате во ситуација да мора да се спроведат и тие погрешни политики, така мислеа тогаш претставниците во власта. Многумина ни замеруваа и за Кривичниот законик. Капак на сѐ беше оние скандирања, што ги слушнавме во кампањата, потоа имаше и надмудрувања, дали имаме кекси, млеко, бисквити. Во целиот тој процес СДСМ беше колатерална штета“, рече Лукаревска.

Повторно, заборави да каже дали 7 години била директор на УЈП со фалсификуван Кембриџ сертификат за англиски јазик.

Пронајдете не на следниве мрежи: