Лукашенко: „Ако Белорусија пропадне, Русија ќе биде следна“

Вчера претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, даде интервју за најпознатите руски новинари во кое изјави дека нема намера да се повлече и покрај масовните протести во земјата што траат од претседателските избори одржани во август.

 Лукашенко првично ги обвини Соединетите држави за демонстрациите и смета дека овие протести треба да бидат предупредување за Русија.

– Сето ова е многу болно, па дури и трагично за мене, но тие не знаеја како да се откажат од тоа. Го гледам ова филозофски, еден ден (Бог) ќе ме повика. Но, сега морам да го заштитам она што беше создадено од наши раце, да ги заштитам луѓето што го создадоа, а тоа е мнозинството – рече Лукашенко за руските медиуми. 

Тој додаде дека „ако Белорусија пропадне, Русија ќе биде следна“.

Лукашенко изјави дека нема за што да разговара со водачите на тековниот протест. Тој додаде дека е подготвен да одржи предвремени претседателски избори, потенцирајќи дека е се поблизу до таквата одлука. 

Лукашенко се очекува да ја посети Москва следната недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.