Денес германската канцеларка Ангела Меркел разговараше на телефон со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Белорусија по претседателските избори.
– Канцеларката подвлече дека белоруската влада треба да се откаже од насилството врз мирните демонстранти, веднаш да ги ослободи политичките затвореници и да воспостави национален дијалог со опозицијата и општеството, за да се надмине кризата – се вели во соопштението на портпаролот на канцеларката Стефан Шиберт.
Шиберт вчера објави дека Германија е отворена за проширување на санкциите против Белорусија, доколку насилството врз демонстрантите не запре.
Она што го кажа Путин во разговорот сè уште не е објавено.
Треба да се потсетиме дека минатата недела во Белорусија се одржаа претседателски избори, на кои актуелниот прв човек на таа земја, Александар Лукашенко, оствари убедлива победа со повеќе од 80 проценти од гласовите, и со тоа го достигна својот шести мандат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.