ЛУКАШЕНКО ИСПРАТИ РАКЕТИ НА ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА: По најавата за распоредување белоруски војници пристигнаа и системи за противвоздушна одбрана

Белорусија распореди војници кои управуваат со системи за противвоздушна одбрана на границата со Украина.

Американската агенција АП пренесува дека тоа се случило вчера, еден ден откако белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека ќе стационира речиси третина од армијата под команда на Минск долж границата.

– Белоруската армија распореди и противвоздушни ракети и војници од корпусот на силите задолжени за радио комуникација и технологија – изјави генерал-мајор Андреј Лукјанович, командант на белоруските воздухопловни сили.

Се соопштува дека тој ја дал објавата на националната телевизија и го опишал потегот како значително зголемување на војниците на границата.

АП не потсетува дека Лукашенко во неделата објави дека наредил речиси третина од вкупниот број војници да бидат испратени на границата со Украина.

Иако не ја соопшти точната бројка, познато е дека белоруската војска брои околу 60.000 луѓе.

Лукашенко рече дека одлуката е одговор на распоредувањето на дополнителни украински војници на границата, за што АП рече дека е тврдење кое не може независно да се потврди.

Украина не го потврди распоредувањето на белоруски војници долж границата меѓу двете земји долга 1.084 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: