ЛУКАШЕНКО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СВЕТОТ: „КОНФЛИКТОТ ШТО ИЗБУВНА ВО УКРАИНА НЕ Е НИШТО…

ЛУКАШЕНКО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СВЕТОТ: „КОНФЛИКТОТ ШТО ИЗБУВНА ВО УКРАИНА НЕ Е НИШТО, ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОЛОШО, СЛЕДУВА МАСАКАР, СЛУШАЈТЕ МЕ, ЗНАМ ШТО ЗБОРУВАМ!“

„Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум не е испукан од нас!“, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, по гласањето на референдумот за промена на уставот што денес се одржува во таа држава.

„Таму нема наши војници. Разговарав со Емануел Макрон за тоа минатиот ден. Му кажав дека таму немам војници, нема испукано белоруски куршуми“, потенцираше Лукашенко, објаснувајќи дека „тоа не и треба на Русија“.

Меѓутоа, Лукашенко потврди дека ракетите биле лансирани од територијата на Белорусија кон позициите во Украина, но дека тоа, како што вели, бил принуден чекор.

Според белорускиот претседател, на украинската страна, на неколку километри од границата со Белорусија, биле распоредени ракетни баталјони, подготвени за неколку минути да извршат напад врз руските позиции.
Лукашенко вели и дека конфликтот во Украина може да се влоши, па затоа војната, како што изјави, мора да престане.
„Конфликтот што избувна во Украина не е ништо. Верувајте ми, знам за што зборувам! Ако продолжи вака, ќе биде многу полошо. Зеленски нема да се крие во ниту еден бункер, ниту во САД, ниту во која било друга држава. Затоа денес мора да се прекине војната“, додаде Лукашенко, кој потоа се поправи и кажа дека според него во Украина се уште нема војна, туку само конфликт.
„Сега не би го нарекол тоа ни војна, тоа е конфликт. За ден-два ќе има војна, а за три дена масакр“, додаде тој.
На крајот тој се пофали дека Белорусија отсекогаш се однесувала „хумано“ со Украинците и дека таа „секогаш им помагала“.
Претходно Лукашенко се осврна на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Што добивме ? Секој ден излегува на прес-конференција, не знам, мамурлак, во една иста маица и почнува да му се обраќа на мојот народ, белорускиот народ. Има кој да му се обрати на белорускиот народ, подобро тој да му се обрати на украинскиот народ и да одговараат за ова што се случува денеска во Украина“, изјави Лукашенко кој кажа дека „се уште никој не го бомбардирал Киев“.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.