Лука уште пред бракот знаел како ќе ѝ го земе и последниот динар

Адвокатот на Наташа Беквалац, Стеван Јаковлевиќ, тврди дека бившиот кошаркар до ситница го имал испранирано разводот со пејачката уште пред тие да се земат. За време на процесот, се открива дека Лука Лазукиќ ги чувал сите сметки од ресторани и сè што некогаш ѝ купил.
Дефинитивно човеков влезе во брак само со една задача – да ѝ го одземе имотот на сопругата. Тој е од оние мажи што се женат само за пари. Не беше тоа искрена врска, ниту вистински брак. Човеков бил подготвен за ова, изјавил адвокатот на Наташа за српски „Курир“.


Според Јаковлевиќ, Лука е под секое ниво на еден човек.
Тој чувал и ситни сметки, од некој си цеден сок од 100 денари, а сега бара 20 милиони од разводот. Срам ми е што сум маж покрај вакви луѓе, вели Јаковлевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.