Луксуз: Бекам му купи на своето куче скапо парче од Луј Витон

Познато е дека поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (43) и неговата сопруга Викторија (44) живеат луксузен и раскошен живот, но тие не се единствените. Последната фотографија на инстаграм-профилот на Викторија покажува дека еднакво луксузно живее и нивното куче Олив, со кое често позираат на социјалните мрежи.
На фотографијата објавена од поранешната „спајсица”, Дејвид спие држејќи ја Олив во прегратка, покриена со ќебе со потпис од Луј Витон кое чини 4.600 долари.
Иако некои од корисниците на социјалните мрежи го нападнаа пензионираниот фудбалер, повеќето останаа на негова страна.

„Па што ако му купи дизајнерско ќебе на кучето? Тоа е негово куче и негови пари, и со нив може да прави што сака“, напиша еден од следбениците на Бекам.
Освен дизајнерската „облека”, Олив има сопствен профил на Инстаграм, кој во моментов го следат 69 000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.