Луна стави силикони, Анабела ќе оди на ремонт

Српската пејачка Анабела Буква ќе треба што е можно побрзо да ги замени силиконските импланти што ги вгради пред 20 години.
Пејачката веќе закажа операција на приватна клиника и одлучи да го стори тоа, откако случајно беше на преглед, при што на ултразвук се покажале одредени промени што бараат нова интервенција.
-Вистина е, треба да одам на операција повторно… закажав, но се разболев, пиев антибиотици, па морав да одложам додека не оздравам.

По скоро 20 години и две бремености градите изгубија форма и еден силикон малку се поместил, не се вклопува како што треба, затоа се препорачува да ги променам во наредните три, четири месеци, изјавила Анабела за српските медиуми, додавајќи:
“Можеби ќе бидат малку поголеми, ништо драстично, но мислам дека ќе го препуштам тоа на лекарот на кој му верувам, бидејќи тој сè уште знае што е најдобро за мојата конституција. Сега имам тројка, а може да биде малку посилна тројка”.
Инаку, неодамна и нејзината ќерка Луна Џогани, која стана пејачка, си вгради силикони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.