Лупење на лентите од бананите е голема грешка

Лентите од бананите се омразена „работа“ на многумина. „Омразата“ кон тие влакна е толкава, што постојат стотина блогови ширум интернетот, кои се посветени исклучиво на нив. А тие влакна, покрај тоа што имаат име, имаат и важна улога во здравјето.
Лентичките се всушност флоеми – сложени растителни ткива и благодарение на нив, бананата додека расте ги добива сите потребни хранливи материи.


„Во однос на остатокот од бананата, овие ленти имаат повеќе хранливи материи“, вели Николас Гилит, професор по оргнска хемија.
Не само што овие ленти имаат многу влакна, туку имаат и витамин А и витамин Б6.
Секако дека е препорачливо, како што вели тој, да не ги отстранувате лентите од бананата, судејќи по тоа дека се богати со хранливи материи повеќе од сите други овошја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.