Луѓето во паника, се уриваат згради: Два силни земјотреси меѓу Турција и Сирија

Уште два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Новиот земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија вечерва предизвика повторно уривање на згради.

На снимката се гледа како зградата се урива од силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а се слушаат врисоци на преплашени луѓе.
Епицентарот на земјотресот што денеска ја погоди пограничната област беше на 14 километри југозападно од Антакија, на длабочина од 10 километри, јави ЕМСЦ. По него следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени во истата провинција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.