Мораш прво да го прифатиш она што си добил, за да можеш да направиш она што посакуваш. Не одложувај го уживањето во животот за оној ден кога ќе ти се исполнат сите твои желби, кога ќе бидат остварени сите твои потреби, кога ќе ги достигнеш сите свои цели .
Тој ден нема никогаш да се случи, немој тоа да те држи во рака и денес, да не си дозволиш да се чувствуваш онака, како што би се чувствувал тој ден.
Кога и да се најдеш во некоја тешка ситуација, верувај дека таа ќе се промени. Поминуваат и добрите и лошите страни на животот и какви и да се, секогаш држи ја главата горе. Нема секогаш да нижиш успеси, ниту пак секогаш ќе губиш.
Се’ е тоа ланец на случувања со кои ги поврзуваш своите мисли и чувства во една целина, која се вика твој живот. Затоа научи да го почитуваш секој момент кој го имаш и најмногу од се’, започни со мали работи и моменти со луѓето, кои ги сакаш.
Животот не нуди секој ден најубави изданија, но можеш да бидеш задоволен со ова што имаш денес и она што си, бидејќи помина долг пат до тука. Сите оние работи за кои некогаш си се прашувал зошто се случуваат во твојот живот, од оваа перспектива ти даваат одговори.
Тргни ги сите преостанати бариери во себе за да можеш да ги тргнеш бариерите однадвор, кои те делат од животот каков што сакаш да го живееш.
Најубавото издание на животот не ти се нуди бесплатно, за него треба да се избориш. И за тоа ти е потребна голема доза на храброст, да ги промениш работите кои можеш да ги промениш, а уште подобро да ги прифатиш оние кои не можеш.
Не се обвинувај самиот себе си за грешките кои си ги направил и навредите кои ти ги направиле другите. Секогаш постои излез, само е потребно време да го пронајдеш. Отфрли ги замерките, бесот, стравот, сомнежот, изговорите и ќе видиш како животот одеднаш почнува да ти нуди подобри изданија.
Се’ е на тебе. Ти си оној кој избира!