Анализирајќи ги мажите и жените родени меѓу 1911 и 1925 година и нивните деца, истражувачите дојдоа до заклучок дека поради поддршката од нивните синови и ќерки, стресот кај родителите во постарите години од животот веројатно ќе биде помал, што ќе доведе до подолг живот.
Уште едно интересно истражување покажа дека мајките кои имаат две биолошки деца живеат подолго од жените кои немаат деца или кои имаат само едно дете.
Резултатите се исти и за мажите. Во споредба со мажите кои имаат едно дете или немаат деца, мажите кои имаат две деца живеат подолго.
И посвојувањето има значајна корист. Жените коишто посвоиле две деца имаат уште подолг животен век во споредба со биолошките мајки. Кога ќе се спореди бројот на посвоени деца и долговечноста, родителите со две посвоени деца живеат подолго од оние кои посвоиле само едно дете.
Посвојувањето додава 3 годии на очекуваниот животен век на една мајка. Постојувањето на 2 или 3 деца им додава уште 5 години живот. овој факт се објаснува исто така со поддршката која децата им ја даваат на своите родители во староста, пишува BrightSide.