Луѓето кои имаат карактер и храброст секогаш им се трн во око на оние другите

Храброста ни е потребна на сите, а многу често дозволуваме стравот да надвладее и да нѐ спречи во тоа што сакаме да го постигнеме. Но, не треба да биде така. Не треба да дозволуваме поради стравот да ги пропуштаме работите кои ги сакаме.
Ова се неколку цитати за храброста, кои ќе ни помогнат да бидеме похрабри.
Оној кој не е доволно храбар да ризикува, нема ништо да постигне во животот. – Мухамед Али
Мојот страв е тој кој ми дава највеќе храброст. – Боб Марли
Луѓето кои имаат карактер и храброст секогаш им се трн во око на оние другите. – Херман Хесе
Моќта ни е дадена на сите. Треба само да ја најдеме храброста во себе и да тргнеме кон тоа што го сакаме. – Фјодор Достоевски


Храброста им помага на ѕвездите. – Корејска поговорка
Кој не ризикува, ништо нема да добие. – Наполеон Бонапарта
Храбар е оној кој наместо да побегне, ќе остане на своето место и ќе се бори против непријателот. – Сократ
Ги сакам оние кои се смеат во проблемите, кои наоѓаат сила во тешкотиите, и така стануваат похрабри. – Леондардо да Винчи
Храброста која се бори е подобра од слабоста која трае. – Хегел
Ако нешто навистина сакате, соберете храброст да вложите се што имате во тоа. – Бернард Френсис
Светот им припаѓа на храбрите. – Карл Маркс
Сите соништа можат да станат реалност, само ако имаме храброст да ги следиме.
Храброста се наоѓа на неочекувани места. – Џ. Џ. Толкин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.